ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Никовиќ: Напредок е подготвен и атакува на три бодови во дербито со Превалец!

Во недела се игра голема дерби-пресметка меѓу Превалец и Напредок, во меч од 13. коло од Третата лига – Југ. Напредок со 27 бодови е на врвот на табелата, додека Превалец со три бодови помалку е на четвртото место. Мечот во Превалец ќе биде важен и за двете екипи, кои атакуваат на првото место и влез во Втората лига – Исток. Дека Напредок го очекува многу тешко гостување, говори фактот што Превалец на домашен терен сѐ уште нема пораз. Победата го остава Превалец во чекор со врвот, додека победата за Напредок ќе значи поголеми шанси за остварување на целта – прво место и пласман во Втората лига.

Во изјава за Спортска Мрежа, играчот на Напредок Крушеани, Мартин Никовиќ вели дека мечот со Превалец за неговата екипа е еден од најтешките, а воедно и најважните и додава дека тие се подготвени за победа и три бодови.

„Со голем респект кон екипата на Превалец, ова ќе биде еден од најтешките натпревар за нашата екипа, воедно и еден од најважните. Нашата екипа е максимално подготвена за овој дерби натпревар и атакува кон целосен плен – освојување на три бодови“, вели Никовиќ.

Мечот во Превалец ќе стартува во 13:00 часот.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!