ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Никола Кузманов е новиот тренер на Слога од Виница, стартот на подготовките закажан за во понеделник

Второлигашот Слога од Виница новата сезона во Втората лига – Исток ќе ја започне со нов тренер. Денес во Виница за нов шеф на стручниот штаб беше промовиран Никола Кузманов од Штип.

Новиот тренер на виничкиот второлигаш поседува УЕФА ПРО лиценца и е поранешен тренер на штипска Брегалница, а последните четири години работи во Фудбалската академија на ФФМ.

Членови на стручниот штаб се и Столе Ѓорѓиев помошен тренер, Тамер Јамаковски тренер на голмани и Благој Ристовски фитнес тренер.

Подготовките за новата сезона екипата на Слога ќе ги започне на 5 јули (понеделник).

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!