ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Ни „Д“ од дерби – Вардар Неготино со „петарда“ за Превалец, Росоман постигна ОСУМ, а пак Големо Коњари и Росоман по ШЕСТ гола

Ниту „Д“ од големото дерби меѓу актуелниот шампион Вардар и вицешампионот Превалец, откако на Градскиот стадион во Неготино, „вардарци“ со „петарда“ (5:0) го „распукаа“ гостинот.

Кирил Неделков беше двоен стрелец за Вардар, а резултатот го отвори Петар Ристовски во 2. минута од мечот. Марјанчо Илов од пенал постигна гол за 4:0, а конечните резултат го постави Петар Најдов во 72. минута од мечот. Вардар уште еднаш потврдува дека има има исти амбиции како и лани – влез во Втората лига.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Питу Гули со 1:3 славеше над Бучин и носи три бода за Крушево. Стрелец за домашниот состав беше Сашо Талевски, а пак за гостите погодија Соте Волчески, Мартин Талески и Ѓорѓи Стрезовски.

Слога со убедливи 6:2 го „распука“ новиот третолигаш Канатларци. Резултатот беше отворен со гол од пенал, а успешно стрелаше Белмин Кујовиќ за водство на домашниот тим од 1:0. За Слога двоен стрелец беше Адмир Угљанин, а по еден гол постигнаа Едис Зијадиќ, Музафер Алиоски и Виктор Стојаноски. За гостите двоен стрелец беше Денис Мустафовски.

Ланскиот второлигаш Локомотива на домашен терен со 3:0 беше убедлива против Младост од Кривогаштани. Павле Петров, Дарио Петров и Марјан Стефановски беа стрелци за домашниот тим, кој обезбеди прв сезонски триумф.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Големо Коњари со 6:0 го „распадна“ составот на Марена, во меч каде Петар Петроски постигна четири погодоци и сам го обезбеди целиот „плен“. Во листата на стрелци се запишаа и Христијан Митрески и Михо Андреевски.

Росоман со убедливи 8:0 го збриша составот на Обршани. Двојни стрелци беа Слободан Дуков и Кристијан Јованов, додека пак по еден гол постигнаа Горан Соколов, Драган Младеновски, Драган Митров и Емануел Елмазов кој стрелаше од белата точка.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!