ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Ни „Д“ од дерби – Локомотива го „збриша“ Напредок, Братство го надигра Ново Црнилиште, Вардар Неготино го доби Превалец

Денес во рамки на 19. коло од Третата лига – Југ беа одиграни неколку дерби натпревари, а вниманието најмногу беше насочено во Градско.

Локомотива Градско 4:1 Напредок Крушеани

Натпреварот во Градско беше големо дерби, но само на хартија, бидејќи Локомотива без многу проблеми прегази Напредок Крушеани. Локомотива на домашниот терен во секое поле го надигра Напредок и со 4:1 го испрати дома и уште еднаш потврди зошто е на првото место и зошто важи за најсериозен фаворит за првото место. Први до водство стигнаа гостите со гол од пенал, судијата РИстовски во 13. минута покажа на белата точка, а Никовиќ Мартин успешно реализираше за 0:1. Локомотива се налути и брзо се врати во игра и го сврте резултатот. Во 35. минута одличниот Ќазимов Аделин ја искина мрежата на гостите за 1:1, а само шест минути Усеинов Ѓунет го сврте резултат за 2:1 на полувреме. Во вториот дел Локомотива стартуваше повторно одлично, шанси се редеа пред голот на противникот, а Атанасовски Бобан во 53. минута ја стресе мрежата за 3:1. Одличната игра на лидерот продолжи, а Напредок немаше сили да го запре налетот на противникот кој денес играше фантастично. Конечните 4:1 ги постави Ќазимов со втор гол на натпреварот.

Братство 3:0 Ново Црнилиште

Екипата на Братство одигра повторно одличен натпевар и без многу маки го надигра Ново Црнилиште со 3:0. Резултатот беше отворен во 27. минута со гол на Шабанов Насаф, а седум минути подоцна Амедоски Самет зголеми на 2:0. Во вториот дел Црнилиште се обидуваше да постигна гол со цел да фати приклучок за евентуален бод, но Мустафоски Наим во 77. минута ги постави конечните 3:0 и ги урна и најмалите надежи на гостите.

Обрашани 0:1 Динамо

Динамо на гостински терен го шокираше фаворитот Обршани со минимална победа од 0:1. Стрелец на единствениот гол во 75. минута беше Крстевски Александар, со гол постигнат од пенал.

Вардар Неготино 1:0 Превалец

Екипата на Вардар Неготино со минимални 1:0 го доби големото дерби со Превалец и продолжува да го напаѓа првото место на табелата, а со тоа и да се врати во Втората лига – Исток. Стрелец на единствениот гол постигна во 54. минута беше Мојсовски Дарко.

>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЈУГ ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<

Големо Коњари 0:1 Младост 1930

Екипата на Големо Коњари на домашен терен загуби минимално со 0:1 од Младост 1930 и продолжува да води тешка борба за опстанок. Кога сите очекуваа дека бодовите ќе бидат поделени, Даноски Кристијан си постигна автогол во 95. минута, па трите бодови заминаа во Кривогаштани.

Илинден БС 1:2 Дојранско Езеро

Дојранско Езеро запиша нова победа, откако во Башино Село со 1:2 беше подобар од екипата на Илинден БС. Гостите од Дојран први стигнаа до водство од 0:1 во 28 минута со гол на Упчев Миле. Пред крајот на првито дел домашната екипа преку Ефремовски Тодорче израмни на 1:1. На стартото од вториот дел Катранџиев Борче ја погоди противничката мрежа за конечни 1:2.

Марена 2:2 Младост Удово

Екипата на Марена на домашен терен одигра 2:2 со Младост од Удово. Марена стигна прва до водство со гол на Митров Дејан за 1:0 на полувреме. Во вториот дел екипата од Удово преку Спасиќ Адријан израмни на 1:1. Два погодоци паднаа во самиот финиш од натпреварот. Во 88. минута Марена стигна до ново водство од 2:1, а во 89. минута Костадинов Марјан ја стресе мрежата за конечни 2:2 и голем бод за Младост.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!