Куп на МакедонијаФудбал

Незири: Шкендија сезонава сака кон двојна круна!

Тетовскиот прволигаш Шкендија во првата рунда од Купот на Македонија ќе гостува во Струга, каде покрај езерото ќе се соочи со второлигаш Караорман. Сосема очекувано фаворитската улога ќе биде на страната на тетовчани, но сепак и новиот второлигаш нема да излезе со бело знаме на овој меч.

Фудбалерот на Шкендија, Меџит Незири вели дека Шкендија сезонава цели кон двојна круна.

„Оваа година целиме кон двојната круна, трофеи во Купот и првенството. Иако нашиот прв ривал е тим кој се натпреварува во Втората лига, сериозно ќе го сфатиме натпреварот и верувам дека ќе оствариме победа и ќе се пласираме во следната фаза, а тоа е осминафиналето на Купот“, рече Незири.

Натпреварот ќе започне во 15:00 часот, а главен судија на мечот ќе биде Кирил Смоквоски од Прилеп.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!