Европски ФудбалФудбал

Незадоволен на „Паркот на принцовите“: Маурисио Покетино донесува неочекувана одлука!

Маурисио Покетино е тренер на ПСЖ од почетокот на оваа година, а го наследи Томас Тухел на клупата на „Светците“.

Аргентинскиот стручњак не успеа да ги одведе „светците“ до шампионската титула во францускиот шампионат, а во Лигата на шампионите, ПСЖ беше елиминиран во полуфиналето од Манчестер Сити.

„Атлетик“ денес пишува дека Покетино е незадоволен на „Паркот на принцовите“ и се најавува неочекуван потег. Имено, Аргентинецот би можел да го напушти францускиот клуб и да се врати во Тотенхем.

За потсетување, Тотенхем бара тренер по заминувањето на Мурињо, а Аргентинецот е една од опциите. „Атлетик“ пишува дека Тотенхем веќе стапил во контакт со тренерот кој го водеше англискиот клуб од 2014 до 2019 година со цел за негово враќање.

Сепак, ПСЖ наводно не сака да остане без Покетино и покрај лошата сезона. Покетино е несреќен во Париз бидејќи не успеа да развие хемија со играчите, па дури и тој размислува да се врати во Тотенхем каде Хари Кејн најверојатно нема да биде во следната сезона.

„Атлетик“ исто така тврди дека Ерик Тен Хаг е сепак главниот кандидат за тренер на Тотенхем, иако неговиот договор со Ајакс е продолжен поради клаузулата во истиот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!