Европски ФудбалФудбал

Неверојатни совпаѓања на патиштата на Челзи до титулите во 2012 и 2021 година

Синоќа играчите на Челзи го совладаа Манчестер Сити (1:0) во финалето на Лигата на шампионите и ја освоија титулата во најпрестижното европско клупско натпреварување, а оваа екипа на „сините“ и тимот од 2012 година, кога за прв пат станаа европски шампиони, има некои неверојатни сличности.

Имено, Челзи во сезоната 2011/12 влезе со младиот тренер Андреа Вилаш Боаш, и тој беше отпуштен во текот на зимата и клубот доби нов тренер Роберт ди Матео.

И оваа сезона, Челзи ја започна сезоната со неискусниот Френк Лампард, кој на крајот беше заменет со Томас Тухел и му ја донесе титулата на лондонскиот клуб.

Патот што го имаше Челзи во двата похода за титулата е интересен бидејќи во двата случаи се најдоа во четвртфиналето со португалски тим (тогаш Бенфика, сега Порто), а во полуфиналето шпански (Барселона и Реал).

Во полуфиналето во 2012 година, погодокот за „сините“ го постигна играчот кој истата сезона беше купен за високи 60 милиони евра (Фернандо Торес), а сега во полуфиналето стрелец беше Тимо Вернер.

Интересно е тоа што Сити и во 2012 година ја освои Премиер лигата, како и сега во 2021. Исто како и тогаш, Антонио Конте беше италијански шампион.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!