ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Непоразениот лидер Силекс гостува кај Велешта, Воска Спорт домаќин на Беса

Вардар ја намали негатива во однос на Воска Спорт на три бодови во борбата второто место и баражот за Прва лига, а денес „вардарци“ имаат идеална шанса и да се израмнат на второто место на табелата во Западот. На домашен терен Вардар ќе игра против последнопласираниот Кадино каде фаворитската улога ќе ја има најтрофејниот македонски клуб.

Воска Спорт дома ќе игра против Беса од Добри Дол, па со евентуален „кикс“ на охриѓани тогаш Вардар ќе може да презими на второто место на табелата.

Непоразениот лидер Силекс ќе гостува кај екипата на Велешта, а пак Кораби на домашен терен ќе се судри со Охрид. Неизвесен дуел за трите бодови ќе има и на мечот меѓу Гостивар и Тетекс.

Сите натпревари ќе започнат во 13:00 часот.

Пласман обезедио SofaScore LiveScore

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!