Европски ФудбалФудбал

Нема преговори, Тухел веќе има договор со Челзи до 2024 година

На 26 јануари годинава, кога потпиша за Челзи, Томас Тухел вклучи клаузула во договорот дека во случај да ја освои Лигата на шампионите, соработката со „сините“, првично заверена на 18 месеци, автоматски ќе се продолжи до летото 2024 година.

Тоа и се случи. Тухел со Челзи ја освои титулата во Лигата на шампионите, откако во саботата вечер со минимални 1:0 славеше над Манчестер Сити.

По завршувањето на финалето, англиските новинари го прашаа Тухел околу неговата иднина во Челзи.

„Не сум сто проценти сигурен, но можно е веќе да имам нов договор. Мојот менаџер ми рече такво нешто, ќе мора да проверам“, откри Тухел, но се чини дека тие не го слушнаа во општата гужва и прослава.

Германецот додаде дека се сретнал со челниците на Челзи само неколку минути по натпреварот.

„Со газдата се сретнавме на теренот, тоа беше вистинскиот момент да се сретнам. Секој следен ќе биде полош. Ќе разговараме за сè подоцна, утре… Јас веќе сум гладен за нова титула. Мојата страст е да освојам што е можно повеќе трофеи и да растам како тренер.“

Менаџерот на Челзи вели дека нема ни најмала желба да си замине, напротив, се гледа себеси подолго време во Лондон.

„Ќе славиме неколку дена, а потоа ќе се свртиме кон следните предизвици. Никој не сака да се одмори. Го посакувам следниот трофеј, следниот успех, нова титула“, изјави Томас Тухел, кој се закити со најважниот трофеј.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!