Европски ФудбалФудбал

Нема повеќе дилеми: Антони Марсијал избра нов клуб, многумина изненадија

Францускиот напаѓач Антони Марсијал е подготвен да се пресели во Шпанија.

Марсијал повремено добива шанса во Манчестер Јунајтед и долго време инсистира да си замине од „Олд Трафорд“, па сигурно е дека клубот ќе го пушти во јануари.

Иако Њукасл имаше намера да го позајми, па дури и да плати шест милиони фунти за пет месеци, самиот фудбалер ја избра Севиља. Според „Скај Спорт“, тој е на прагот на трансфер во Андалузија.

Марсијал се уште го бараат Јувентус и Барселона, но тој одлучи да замине во тимот на Хулен Лопетеги, кој моментално е втор во Ла Лига и има шанса да се бори за титулата со Реал Мадрид.

Марсијал е свесен дека можеби повторно ќе биде на милост и немилост на тренерот во некој од великаните, додека очекува да биде стартер во Севиља, а неговите лични амбиции се поклопија со амбициите на поранешниот освојувач на Лига Европа.

Напаѓачот, кој е резерва во Манчестер, се очекува во наредните денови да разговара со новиот менаџер Ралф Рангник и да побара зелено светло за комплетирање на трансферот во Севиља.

26-годишниот напаѓач оваа сезона одигра вкупно седум натпревари и има еден гол, а на теренот во просек минувал само 29 минути.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!