Европски ФудбалФудбал

Нема пензија: Буфон наскоро во Парма

По разделбата со Јувентус, Џанлујџи Буфон е во потрага по нов ангажман, а како што стојат работите, тој ќе се врати во Парма, каде ја започна својата професионална кариера.

Италијанскиот новинар на „Скај Спорт“ Фабрисио Романо потврди дека легендарниот голман се согласил да соработува со неговиот поранешен клуб.

Популарниот Џиџи ја започна својата кариера во Парма, пред 26 години, а потоа во два наврати играше за Јувентус со кратка пауза, бидејќи помина една сезона во 2018/19 на голот на Пари Сен Жермен.

Парма ќе се натпреварува во Серија Б следната сезона и нема сомнеж дека доаѓањето на Буфон ќе биде одлична работа, особено за младите во тимот кои ќе можат да научат многу од него.

Буфон, исто така, се надева и на Светското првенство со репрезентацијата на Италија. Искусниот италијански голман не е повеќе дел од репрезентацијата, но, се надева, доколку успее да ја врати Парма во Серија А, тогаш би можел да обезбеди свое место во репрезентацијата како трет голман за СП 2022 година кое се игра во Катар.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!