ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

НЕМА ДОГОВОР: Третолигашите од Истокот единствени – котизација да нема!

Вчера во Струмица се одржа состанок меѓу претседателите на третолигашите од Истокот и раководството на Трета лига – Исток каде се разговараше за стартот на новата сезона, котизацијата и ПЦР-тестовите за невакцинираните играчи.

Првенствено требаше да се плаќа котизација од 200.000 денари, односно 100.000 денари за есенската и 100.000 денари за пролетната полусезона, но третолигашите од Истокот едногласно кажаа дека нема да плаќат котизација, за што вчера на состанокот, како што дознава Спортска Мрежа било дискутирано и постигнато договор котизацијата да се намали на 40.000 денари, односно по 20.000 денари од полусезона, но дополнително ќе треба клубовите пред секој натпревар да ги плаќаат официјалните лица, што значи дека повторно се враќа истата сума како да платиле котизација од 200.000 денари. Во однос на ова прашање не било постигнато договор, дознава Спортска Мрежа, односно третолигашите остануваат единствени и нема да плаќаат котизација.

Дополнително, голем проблем е и тоа што пред секој натпревар невакцинираните ќе треба да се тестираат со ПЦР-тестови, на трошок на клубот, што е повторно голем финансиски удар за овие клубови, кои и онака мака мачат со финансиите. Клубовите, како што дознава Спортска Мрежа предложиле да се игра со старите мерки од лани, односно мерење на температура.

Исто така, дознаваме дека за утре е закажан нов состанок меѓу членовите на раководството од Третата лига – Исток на којшто состанок ќе се дискутира околу стартот на новата сезона.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!