Европски ФудбалФудбал
Нејмар два месеци надвор од теренот

Бразилскиот фудбалер Нејмар ќе отсуствува од терените два месеци, соопшти ПСЖ.
„Тестовите направени во неделата вечерта потврдија дека има оштетување на лигаментите на левиот зглоб. Затоа Нејмар ќе биде надвор од терените шест до осум недели. За 72 часа ќе бидат направени нови тестови за прецизно да се утврди тежината на повредата“, се наведува во соопштението.
Бразилецот вчера на крајот од натпреварот го избегна лизгавиот старт на играчот на Сент Етјен, но тој згазна на ногата, по што го повреди зглобот. Тој веднаш сигнализираше кон клупата за резерви, а потоа беше изнесен од теренот.
Нејмар оваа сезона одигра 10 натпревари во Лига 1 и постигна три гола, со три асистенции.