Европски ФудбалФудбал

Не само Пјаниќ, и друг играч одби да го раскине договорот со Барселона, на која и требаат пари за Меси

Откако шпанските медиуми објавија дека Миралем Пјаниќ одбил да го раскине договорот со Барселона, сега пристигнуваат информации дека друг играч го сторил истото. Самуел Умтити доби понуда од клубот да го раскине договорот, но се чини дека и тоа нема да биде така лесно.

Барселона, исто така, сака да се ослободи од Умтити, 27-годишен француски дефанзивец, ова лето, заедно со Пјаниќ. Барселона сака да се ослободи од двоецот за кој плати 85 милиони евра за да може да му понуди нов договор на Лионел Меси без да ги прекрши правилата на финансискиот фер-плеј.

Умтити и Пјаниќ добиле писмо од клубот во кое се наведува дека можат да одат во друг клуб без обештетување. Доколку не најдат друг клуб, можат да преговараат со Барселона за раскинување на договорот. Пјаниќ има тригодишен договор кој би ја чинел Барселона 50 милиони евра, а Умтити двегодишен договор вреден 35 милиони евра.

Францускиот дефанзивец прв одговори на Барселона.

„Ви благодарам многу за понудата, но јас ќе продолжам да го исполнувам договорот, изјави Умтити и со тоа ги шокираше челниците на Барселона.“

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!