Европски ФудбалФудбал

Не е во плановите на Арсенал: Два клуба од Серија А го сакаат Сеад Колашинац

Сеад Колашинац не е во плановите на Арсенал, па репрезентативецот на Босна и Херцеговина следната сезона ќе игра во друг клуб, а „Калчомеркато“ пишува дека во моментов има понуди од два италијански клуба.

Наполи и Лацио во моментов бараат лев бек на пазарот, а наводно се заинтересирани за босанскиот фудбалер, кој изминатата полусезона ја помина на позајмица во Шалке, каде одигра 17 натпревари и постигна еден гол.

Колашинац ќе се врати во Арсенал ова лето, но менаџерот Микел Артета не смета на него, па многу бргу ќе се пресели во друга средина. „Топџиите“ сакаат да се ослободат од босанскиот лев бек најмногу поради неговата неделна плата од 100.000 фунти.

Доколку репрезентативецот на Босна и Херцеговина се пресели во некој од овие два клуба, тој следната сезона би играл во Европската лига, бидејќи Наполи и Лацио се две екипи кои изборија место во ова континентално натпреварување.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!