Европски ФудбалФудбал

Навивачите се враќаат на стадионите во Германија

На 13 август започнува новата сезона во Бундеслигата, а со тоа и навивачите ќе се вратат на стадионите.

Како што објави „Кикер“ во вторникот, германските власти донесоа одлука да им дозволат на навивачите да присуствуваат на сите стадиони каде се игра Бундеслигата.

Како што е наведено, ќе бидат дозволени до 50 проценти од капацитетот, а најмногу 25.000 фанови.

Единствен исклучок е Баерн бидејќи властите во Минхен донесоа одлука до 20.000 навивачи да можат да влезат на „Алијанц Арена“.

Сезоната во Бундеслигата започнува на 13 август.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!