Наумовски, Таири и Дишлиевски нови засилувања за Велешта, закажана контролка со Пелистер

Второлигашот Велешта промовираше нови засилувања за пролетната полусезона од Втората лига – Запад.
>>> ПРОМОЦИЈА НА АПАРТМАНИ И ХОТЕЛИ НА ТУРИСТИЧКАТА ПЛАТФОРМА – КОТВА.МК <<<
Во екипата пристигнаа Дарио Наумовски, Хадис Таири и Оливер Дишлиевски кои ќе треба да му помагаат на новиот клуб да избори опстанок во второлигашкото друштво и за следната сезона.
Наумовски е 22-годишен десен бек и доаѓа од редовите на прилепска Пбоеда, а претходно има настапувано и за Локомотива од Градско и кочански Осогово.
Таири има 16 години и доаѓа од редовите на Њу Стар, а овој дефанзивец исто така е член и на македонската репрезентација од 17 години.
Дишлиевски има 22 години и ќе го засили средниот ред, а доаѓа од екипата на Ракитовец од Словачка, а претходно има настапувано за Охрид, Скопје, Работнички и Вардар.
>>> ПРОМОЦИЈА НА РЕСТОРАНИ, КАФУЛИЊА И БАРОВИ НА ТУРИСТИЧКАТА ПЛАТФОРМА – КОТВА.МК <<<
Велешта за утре го закажа и вториот контролен натпревар против прволигашот Пелистер, овој натпревар ќе се одигра во Битола со почеток од 13:00 часот.