ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Наумовски нов тренер на Големо Коњари, третолигашот договори и квалитетни засилувања во борбата за опстанок!

Третолигашот Големо Коњари интензивно се подготвува за пролетната полусезона од Третата лига – Југ. Клубот го ангажираше Тони Наумовски за нов тренер, а веќе се договорени и неколку квалитетни засилувања кои ќе го подигнат нивото на клубот и ќе ја остварат единствената цел – опстанок во Третата лига – Југ.

Спортска Мрежа разговараше со претседателот на клубот, Кронислав Мантароски како и со новиот тренер Тони Наумовски.

Големо Коњари одигра слаба есен, клубот се наоѓа во опасната зона за испаѓање со само 7 освоени бодови. Мантароски вели дека причината за лошите резултати на Големо Коњари во есенскиот дел од сезоната е пандемијата со Ковид-19, бидејќи екипата не можела да биде комплетна за натпреварите.

„Најголема причина за слабите резултати беше пандемијата со Ковид-19, со тоа што на ниту еден натпревар не бевме во комплетен состав. Бевме во ситуација два натпревари да ги одиграме со само соум играчи на терен, но тоа беа играчи од вториот состав. За пролетниот дел секако дека ќе можеме да одигра подобро и сигурено ќе покажеме подобри резултати. Наши цели за пролетната полусезона ќе бидат обезбедување опстанок во Третата лига – Југ и враќање во средниот дел од табелата“, ни изјави претседателот на клубот и додава:

„Костурот на екипата е сочуван, досега нема побарано заминување никој од играчите. Во однос на засилувањата, нашиот клуб ќе се засили со 6 нови играчи и четири наши играчи кои во есенскиот дел не беа на теренот со нас. Новите играчи ќе бидат промовирани до крајот на ова недела, и со нив ќе бидат покриени сите позиции. Големо Коњари од ова полусезона има и нов тренер, кој досега беше тренер на Напредок од Крушеани, а веќе две недели работи со нашата екипа, тоа е Тони Наумовски“, ни изјави Мантароски.

Тони Наумовски – тренер на Големо Коњари

Искусниот Наумовски во есенскиот дел од сезоната беше тренер на Напредок Крушеани и направи фантастични резултати, клубот е на делба на третото место со само еден бод помалку од лидерот Локомотива од Градско. Новиот тренер на Големо Коњари вели дека е презадоволен од условите за работа и додава дека подготовките течат според планираното.

„Од условите за работа во Големо Коњари сум презадоволен и имам голема благодарност до управата на Големо Коњари што прво ме ангажираше мене, а после и што ми овозможи вакви добри услови за работа, а сето ова ќе биде резултирано на терен. Подготовките течат добро, имаме закажано три контролни средби на кои натпревари секој од играчите како од постоечките така и од новите ќе добие шанса и полека ќе биде направена стратегија како да дојдеме до посакуваните резултати. Чекор по чекор. Прво за да го обезбедиме опстанокот во лигата, а после и со нови планови за новата сезона“, ни изјави тренето Наумовски.

Големо Коњари ќе се тестира со Братство 07 од Житоше, со Питу Гули од Крушево, како и со Обрашани пред стартот на пролетната полусезона.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!