ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Наумовски: Големо Коњари е максимално подготовен за новата сезона, клубот е во одлична финансиска кондиција, целиме кон освојување на врвот

Новата сезона од Третата фудбалска лига – Југ конечно го дочека својот почеток после долги одлагања. Третолигашот Големо Коњари, во целиот овој период додека немаше третолигашки фудбал во овој регион, беше најактивен и одигра 14 пријателски натпревари со што ја одржуваше екипата во форма.

>>> ПРОМОЦИЈА НА АПАРТМАНИ И РЕСТОРАНИ НА ПЛАТФОРМАТА ЗА ТУРИЗАМ – КОТВА.МК <<<

Спортска Мрежа разговараше со тренерот Тони Наумовски околу подготовките, засилувањата, целите на клубот, соработката со управата, финансиската конструкција на клубот и плановите за следната сезона.

Најактивен третолигаш за време на овие одлагања околу почетокот на сезоната во Трета лига – Југ. Наумовски вели дека одиграле 14 пријателски натпревар и го очекуваат стартот на новата сезона, додава дека подготовките течат во најдобар тек, а во овој преоден рок официјализирани се пет засилувања.

„Да, ние бевме една од ретките екипи која преку пријателски натпревари ја одржуваше формата. Одигравме 14 пријателски натпревари и го очекуваме стартот на новата сезона. Подготовките течат во најдобар тек ја подигаме формата преку тренинзи и пријателски натпревари. Ние во овој преоден рок имаме веќе пет засилувања на скоро сите позиции каде мислевме дека треба да се засилиме“, рече тренерот на Големо Коњари.

Наумовски вели дека е презадоволен од соработката со управаата и ги открива екипите кои ги смета за конкуренција во однос на првото место на табелата.

„Во однос на соработката со управата јас сум презадоволен и ретко кој било клуб има ваква управа и секој клуб би посакал вакви соработници. Во оваа сезона ние влегуваме со амбиции да бидеме кон врвот на табелата, а ако ни се укаже прилика да атакуваме на првото место тогаш истата да ја искористеме. Конкуренцијата ќе биде силна тука би ги издвоил екипите на Вардар Неготино, Росоман и Превалец“, ни изјави тренерот на најактивениот третолигаш.

>>> ПРОМОВИРАЈТЕ ЈА ВАШАТА ТУРИСТИЧКА ПОНУДА НА КОТВА.МК <<<

Наумовски открива дека клубот е во добра финансиска состојба, дека има стабилни финансии за тековната сезона, додава дека доколку Големо Коњари обезбеди место во Втората фудбалска лига тогаш ќе треба стабилни спонзори и стабилна финансиска поддршка бидејќи без неа нема што да се бара во Втора лига каде конкуренцијата ќе биде голема и ќе има стабилни екипи и со играчи и со финансии.

„Финансиската ситуација во овој момент во клубот е на високо ниво, обезбедена е финансиска конструкција за оваа сезона, но сепак ние како клуб ако ни се укаже шанса да обезбедуме учество во Втората лига без финансиска стабилност би било невозможност знаеме колку средства се потребни и затоа чекор по чекор и нема да брзаме. Во следната сезона Втората лига ќе биде единствена со квалитетни екипи со високи буџети и ние ако ни се укаже шанса да имаме спонзори и финансиска поддршка тогаш би размислувале за Втора лига, а во спротивно да не се лажеме тоа е невозможно.“

До почетокот на новата сезона Големо Коњари ќе одигра уште два контролни натпревари.

„До почетокот на новата сезона имаме уште два контролни натпревари. Во недела во Прилеп играме со новиот третолигаш Лажани, а следната недела генералка против Црно Буки со што спремни го очекуваме почетокот на новата сезона“, завршува Наумовски.

>>> ПРОМОЦИЈА НА КАФУЛИЊА И БАРОВИ НА ПЛАТФОРМАТА ЗА ТУРИЗАМ – КОТВА.МК <<<

Како што објави Спортска Мрежа во текот на следната недела ќе се одржи и ждрепката со што ќе го имаме и конечниот распоред за новата сезона, а тогаш ќе бидат познати и сите екипи кои ќе пријават учество. Колку за потсетување Трета лига – Југ брои 14 екипи, за сезоната да започне потребно е шест екипи да пријават учество, екипи односно бројка што веќе ја има, па така стартот на новата сезона ќе биде сигурен.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!