ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Наумоски: Победата над Возарци ДМД беше многу значајна за да се фати чекор и да се крене самодовербата во тимот

Третолигашот Динамо Мажучиште забележа убедлив триумф од 7:0 над новиот третолигаш Возарци ДМД во рамки на вонредното 3. коло со што екипата го забележа првиот сезонски триумф.

ВАШАТА РЕКЛАМА НА СПОРТСКА МРЕЖА – КОНТАКТ: 074/241-247

Тренерот на Динамо, Златко Наумоски вели дека денешниот триумф е многу значаен со цел да се фати чекор и да се крене самодовербата во тимот.

„Добро го започнавме натпреварот. Го отворивме резултатот уште во првите 15 минути.
Моравме да го добиеме овој натпревар за да фатиме чекор со другите екипи кои веќе имаат остварено победи. На полувреме имавме предност од 2:0. Во второто полувреме започнавме со силен напаѓачки притисок. Игравме добро створивме многу шанси и ги искористивме. Ова беше многу битна значајна победа за да се фати чекор и да се крене самодовербата во тимот“, ни изјави Наумоски.

НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!