Европски ФудбалФудбал

Насер: УЕФА не прогледа низ прсти, ние го почитуваме ФФП

За време на промоцијата на Лионел Меси, сопственикот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, меѓу другото зборуваше и за финансискиот фер-плеј. Тој тврди дека ПСЖ не прекршил ниту едно правило пропишано од УЕФА.

„Историски момент за клупскиот и светскиот фудбал, дали разбирате дека го доведовме Лео Меси во ПСЖ ?“, така пресреќниот и горд Насер Ал-Келаифи ја започна прес-конференцијата на која беше претставен Лео Меси.

Сепак, Насер беше прашан и малку за правилата што ги пропишува УЕФА кога станува збор за доведување играчи. Борбата на ПСЖ против Супер лигата новинарите ја поврзаа со фактот дека УЕФА попушти пред овој клуб кога станува збор за правилата на финансискиот фер-плеј.

„Не е точно дека УЕФА прогледа низ нашите прсти. Го почитуваме финансискиот фер-плеј. Ако добро погледнете, ги донесовме најдобрите играчи бесплатно. Имавме одличен преоден рок и секогаш ги следевме правилата. Тоа нема никаква врска со Супер лигата. Има љубоморни луѓе. Имам одлични разговори со УЕФА и отсекогаш сме биле искрени со нив. Ние само се фокусираме на нашиот проект, кој е легален“, рече Ал-Келаифи.

Тој исто така рече дека ПСЖ има добри односи со Асоцијацијата на европски клубови. Се зборуваше и за проширување на стадионот. „Паркот на принцот“ сега изгледа мал за да ги собере сите фанови кои би сакале да ги гледаат Нејмар, Мбапе, Меси…

„Мораме да го прошириме. Треба да разговараме со градоначалничката на Париз, Ан Идалго, таа секогаш беше со нас. Го сакам овој стадион и треба да биде поголем. Секој голем клуб има стадион со 80.000 места“, изјави сопственикот на ПСЖ.

Во моментов, „Паркот на принцот“ има капацитет од само 45.000 гледачи.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!