ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Напредок слави голема победа над Речица, кичевчани најавуваат враќање во Втора лига

Некогашниот прволигаш Напредок од Кичево денес запиша голема победа од 2:0 над Речица во меч од 3. коло од Третата лига – Запад.

Триумфот за Напредок е од големо значење бидејќи клубот сезонава цели кон освојување на врвот, а со тоа ќе игра и бараж за влез во Втора лига.

Никола Аврамовиќ беше стрелец на погодокот за водство на Напредок од 1:0 на полувреме, во мечот одигран на Градскиот стадион во Кичево. Во вториот дел точка на мечот стави Дамјан Наумоски, кој во 74. минута постигна гол за конечните 2:0, откако претходно голманот на домашната екипа, Илче Ѓорѓиоски одбрани пенал во 55. минута при 1:1.

Напредок е на првото место на табелата со максимални шест бодови, а во следното коло ќе игра градско дерби со Влазерими Ј 1977.

Како што кажавме и претходно, Напредок во сезона 2013/2014 испадна од Прва лига, а следната 2014/2015 експресно испадна и од Втора лига и од тогаш клубот игра во Трета лига – Запад.

Работите во Напредок се менуваат на добро, клубот најавува амбиции за враќање во Втора лига, а потоа и за враќање на патеките кога имаше најголеми успеси. Кичевската публика се враќа на трибините и таа секогаш е 12-тиот играч на Напредок на патот кон остварување на целта.

Колото ќе биде комплетирано утре.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!