ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Напредок сезоната ја отвори со убедлива победа над Дрита, Љуботен со висок триумф над Речица

Вчера со двата воведни натпревари започна новата сезона од Третата македонска фудбалска лига – Запад.

На стартот од истата убедлива победа однесе Напредок, кој во Кичево со високи 4:1 славеше над Дрита од Боговиње.

Младен Котевски беше двоен стрелец за Напредок, а по еден гол постигнаа Никола Аврамовиќ и Никола Настески, додека пак за Дрита единствен стрелец беше Брендим Рушити.

Висок триумф однесе и Љуботен, кој славеше со 1:3 на гостински терен против Речица. За домашниот тим единствен стрелец беше Гезим Азизов, а пак за гостите двоен стрелец беше Ивица Костадиноски, а вториот гол беше делот на Валентин Петровски, кој погоди од белата точка.

Во моментот се игра мечот меѓу Камјани и Трабзонспорт, додека пак Влазерими Јуниор и Зајази се слободни.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!