ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Напредок од Крушеани ја „склопи“ екипата, продолжува со интензивни подготовки за новата сезона од Трета лига – Југ

Екипата на Напредок од Крушеани ја формираше екипата за новата сезона од Третата лига – Југ. Спортска Мрежа разговараше со тренерот на третолигашот од Крушеани, Дејан Синадиноски кој зборуваше околу ростерот на екипата, амбициите за тековната сезона, како и плановите за во иднина.

„Нашиот клуб оваа сезона располага со подмладен ростер на играчи кои се желни за победа и напредок и кои сметам дека ќе го даваат максимумот на секој натпревар. Веќе добивме 4 нови имиња и ќе се потрудиме да ги задржиме вредните делови на екипата од претходно како би изградиле една компактна тимска целина која ќе носи успеси. Ќе бидам малку интригантен и би рекол дека постоечкиот капацитет е одличен и вреден за „обработка“, а би прифатиле само квалитетни делови на нашата сложувалка“, вели Синадиноски за Спортска Мрежа и додава:

„Моментално како и при секоја промена постојат секогаш по неколку „Што?“, „Дали?“ и „Како?“, но како некој кој претходно работел со млади играчи убеден сум дека ќе ги поврзам конците на вистински начин. Како поранешен фудбалер и спортист секогаш очекувам и посакувам успех и напредок, но треба време и труд за сето тоа и познавајќи ја за жал македонската фудбалска реалност секогаш има полни раце работа и вложувања. Како клуб би сакале да бидеме и степен погоре во натпреварувањата и ќе дадеме се од себе да бидеме таму каде што заслужува клубот, степен погоре, па и Втора лига може дабиде само скалило до поголем успех кој би знаел. Засега од моето пристапување во клубот беше одигран еден натпревар кој го добијаа нашите момци со 2:1 очекуваме уште неколку контролни натпревари кои би не поврзал на тимско ниво како екипа. Исто како што ние посакуваме скалило погоре има екипи кои исто колку нас го посакуваат тоа, па патот до успехот никогаш не бил лесен и едноставен. Како што ние се засилуваме сигурно и нашите противници ќе го направат истото, па очекувам трнлив пат до Втората лига која ја зслужуваме.“

Минатата сезона Напредок Крушеани заврши на делба на четвртата позиција со Вардар Неготино со по 38 освоени бодови.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!