ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Напредок Крушеани подобар на тестот со Питу Гули (ФОТО)

Третолигашот Напредок од Крушеани денешниот контролен натпревар со Питу Гули од Крушево го доби со 2:0.
Амбициозниот Напредок има одличен старт на подготовките, бидејќи на прват аконтролка со 5:2 беше подобар од Динамо.

„Костурот“ на екипата е сочуван и засилен со три нови играчи, Симоноски Петар, Петрески Андреј и Цветаноски Христијан. Екипата моментално ја предводат Колески Душко Младеновиќ Роберто и на голманите Спасески Трајанче.