ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Напредок Крушеани го задржува „костурот“ и се засилува со неколку играчи, клубот атакува на прво место и Втора лига!

Третолигашот Напредок од Крушеани одигра одлична полусезона во Третата лига – Југ и заврши на делба на третото место со 27 освоени бодови, еден помалку од есенскиот шампион Локотива од Градско.

Спортска Мрежа разговараше со раководстовото на клубот околу прикажата игра и постигнатите резултати од есенскиот дел, за „костурот“ на екипата, засилувањата, пролетните предизвици и подготовките.

Како ја коментирате прикажата игра и постигнатите резултати ? Дали можеше да се освои бод повеќе со цел да имате полесна пролетна полусезона и борба за првата позиција ?

„Напредок од Крушеани одигра релативно добро, можеме да кажеме и одлично во есенска полусезона во Третата лига – Југ кое се рефлектира со високо трето место и само еден бод помалку од прво пласираните екипи на Локомотива и Црнилиште. Не сакаме да се навратиме на оние натпревари на кои имавме големи шанси да освоиме некој бод повеќе, но одредени фактори влијаеа на резултатот. Но, што е тука е и се надеваме на добар почеток во пролетниот дел од првенството на кои натпревари ќе го вратиме загубеното и се надевема повторно да се качиме на врвот на табелата“, велат од клубот.

Дали „костурот“ на екипата останува ист, односно дали ќе има фудбалери што ќе ве напуштат ?

„Во моментов нема најава од страна на играчите на Напредок, ниту пак од страна на друг фудбалски клуб дека поединци ќе заминат од ФНапредок, напротив ние како Напредок во пролетниот дел од сезоната ќе има засилување од три фудбалери, некој од нив се повратници односно преходно беа дел од Напредок“, додаваат од третолигашот.

Околу засилувањата. Какви се плановите за засилувања и на кои позиции би се засилиле ? Дали имате преговори со конкретни играчи и дали може за брзо да очекуваме официјализирање на некој трансфер ?

„До сега имаме договорено со двајца фудбалери за трансфер во Напредок со кои ќе го засилиме нападот и одбраната, но преговорите продолжуваат во насока и засилување на одбраната“, ни изјавија од клубот.

Пролетната полусезона ќе донесе многу предизвици околу борбата за првото место и промоција во Втора лига – Исток. Кои се вашите очекувања и амбиции за пролетниот дел од сезоната ?

„Во пролетниот дел од сезоната голема борба ќе се води со конкурентите Локомотива, Ново Црнилиште и Превалец за првото место и влегување во Втората лига – Исток. Нормално дека нашите очекувања се да успееме да постигнеме добри резултати со кои ќе го освоиме првото место во ТМФЛ – Југ и влез во ВМФЛ – Исток“, велат од клубот од Крушеани.

Кога ги започнувате подготовките и дали имате договорено пријателски натпревари ?

„Со подготовките за пролетниот дел од првенството започнуваме од понеделник (18. јануари), а веќе во недела (24. јануари) е закажан пријателски натпревар со екипата на Победа од Прилеп која во моментов се натпреварува во Втората лига – Исток. Планирани се и други пријателски натпревари за кои дополнително ќе ги договориме противниците“, завршуваат од клубот.

Напредок Крушеани пролетната полусезона ја отвара против екипата на Дојранско Езеро од Дојран.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!