ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Напредок гостува кај Нераште, Љуботен домаќин на Трабзонспорт

Викендот се играат натпреварите од 3. коло од Третата македонска фудбалска лига – Запад.

Колото ќе биде отворено со два натпревари в сабота. Велазерими на домашен терен ќе ги одмери силите со Зајази. Ланскиот второлигаш ќе се обиде на Градскиот стадион во Кичево да ги впише првите бодови, бидејќи на стартот од новата сезона бележи два порази, додека пак Зајази новата сезона ја отвори со две победи.

Арсими ќе биде домаќин на Дрита која лани играше во Втора лига – Запад. Двете екипи на стартот од новата сезона играат одлично и забележија по две победи, па тоа може да го направи натпревари да биде неизвесен во борбата за трите бодови.

Останатите четири натпревари ќе бидат одиграни в недела. Љуботен на домашен терен против Трабзонспорт ќе се обиде да дојде до првите бодови, откако за претходниот натпревар со Врапчиште беше одлучено екипата да го добие со службени 3:0.

Врапчиште како фаворит по трите бодови ќе гостува кај екипата на Пролетер која е на последното место на табелата. Камјани на домашен терен ќе има тежок натпревар против лидерот Речица.

Нераште на домашен терен ќе биде домаќин на Напредок кој на стартот од новата сезона бележи одлични резултати и нанижа две победи, а со тоа впиша и шест бодови.

Сите натпревари ќе стартуваат во 14:30 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!