
Кеги Моби успешно ги помина подготовките за пролетната полусезона во Втората футсал лига на Македонија. Есенскиот шампион пролетниот дел го отвара таму каде што го затвори есенскиот дел во Свети Николе против екипата на Овче Поле, но во рамки на осминафиналето од Купот на Македонија.
>>> ПРОМОВИРАЈТЕ ХОТЕЛИ, АПАРТМАНИ, РЕСТОРАНИ, КАФУЛИЊА И БАРОВИ НА КОТВА.МК <<<
Спортска Мрежа разговараше со тренерот Панче Нанев околу подготовките на екипата од Велес, засилувањата и целите на клубот за пролетниот дел од сезоната.
„Подготовките привршуваат направивме околу 15 тренинзи изминатиов период. Кога комплетни кога не поради ситуацијата со вирусот, празниците и приватните обврски на играчите кои некогаш не можат да почекаат. Екипата е скоро истата од лани онаа шампионската што би рекле ние затоа што и можеме да се пофалиме со таков учинок бидејќи сме од прво коло се до полусезона на врвот од табелата и се надеваме како и секоја екипа да оствариме тоа што ни е зацртано“, вели тренерот на велешани и додава:
„Имам подмладување со тројца нови млади играчи кои ќе ги регистрираме деновиве и ќе ги вклопиме во тимот со искусните играчи каде ќе има од кого да учат и да напредуваат во овој мал интересен спорт како за нас така и за гледачите.“
Кеги Моби денес гостува во Свети Николе каде во рамки на осминафиналната рунда од Купот ќе се соочи со Овче Поле.
>>> ПРОНАЈДЕТЕ ГО ВАШЕТО МЕСТО ЗА ОДМОР – РЕЗЕРВИРАЈ СМЕСТУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА <<<
„Денес прв меч и тоа не на друго место туку каде што ја завршивме ланската полусезона во Свети Николе против екипата на КМФ Овче Поле, но денеска играме за Купот против нив, така одлучи ждрепката. Нема да одиме комплетни, но сакаме да се вратиме со победа.“, завршува Нанев.
Колку за потсетување Кеги Моби есенската полусезона ја заврши на врвот од табелата со 22 освоени бодови, еден повеќе од Форца и Конзули кои ја делат втората позиција на табелата.