РакометРакомет - Суперлига

Најважните ракометни натпревари – кои екипи ќе опстанат во Супер лигата на Македонија ?

За 20 минути започнуваат трите клучни натпревари за опстанок во Супер лигата на Македонија. Во Скопје, Богданци и Кавадарци се играат најважните натпревари.

КЛ7 – Радовиш

Големото дерби се игра во Скопје. Ракометарите на КЛ7 и Радовиш сами си ја решават судбината. Доколку радовишани од Скопје се вратат со три бодови, тогаш Радовиш сигурно ќе опстане, со оглед на фактот дека во последното коло ќе игра против Астраион на домашен терен, па трите бодови ќе бидат „резервирани“ за Радовиш. Доколку КЛ7 запише триумф вечерва, тогаш во последното коло ќе игра скопско дерби со Работнички и ќе ги сочува шансите за опстанок.

Младост – Прилеп

Ракометарите на Прилеп ќе имаат многу незгодно гостување во Богданци. Екипата на Младост ги загуби шансите за опстанок, а Прилеп останува во сериозна игра за опстанок во Супер лигата, но за да продолжи да се надева на сигурен опстанок вечерва ќе мора од Богданци да си замине со три бодови, со спротивно шансите за опстанок ќе бидат значително намалени, со оглед на фактот дека во последното коло ќе игра против Тиквеш на домашен терен.

Тиквеш – Работнички

Лидерот Тиквеш вечерва ќе мора да ги грабне три бодови на домашен терен против Работнички со цел да не ризикува во последното коло. Работнички доколку вечерва успее од Кавадарци да си замине со три бодови во последното коло ќе игра скопско дерби за опстанок против КЛ7, во случај на пораз, тогаш шансите за опстанок на Работнички ќе бидат намалени.

Астраион – Јуниор КВ

Во Струмица се игра натпреварот меѓу Астраион и Јуниор КВ кој е без резултатско значење, бидејќи и двете екипи од следната сезона се враќаат во Првата ракомента лига. Астраион е без освоено бодови во плеј-аутот, додека Јуниор КВ со 13 бодови ја дели шестата позиција со Младост од Богданци.

Сите натпревари ќе започне во 19:00 часот и ќе може да ги следите во ЖИВО на Спортска Мрежа со преноси овозможени од РФМ.

Табела во плеј-аутот од Супер лигата:

  1. Тиквеш – 25 бодови
  2. Прилеп – 24 бодови
  3. Г.А. КЛ7 – 24 бодови
  4. Радовиш – 22 бодови
  5. Работнички – 21 бодови
  6. Јуниор К.В. – 13 бодови
  7. Младост – 13 бодови
  8. Астраион – 0 бодови

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!