ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Најдов во 95. минута му донесе победа на Вардар Неготино, Превалец и Росоман до три бода

Лидерот на табелата Вардар од Неготино ја продолжи победничката серија во Трета лига – Југ, откако на домашен терен во 95. минута дојде до триумф од 3:2 над Бучин, а херој на мечот беше Петар Најдов.

Резултатот го отвори Марјанчо Илов во 31. минута за водство на неготинци од 1:0 на полувреме. Во вториот дел Ѓорѓи Шишков во 72. минута ја дуплираше предноста. Девет минути подоцна Горан Колчакоски погоди и намали на 2:1 со што мечот влезе во супер возбудлива неизвесноста. Во 87. минута Колчакоски со втор гол ги „замрзна“ навивачите на Вардар на Градскиот стадион во Неготино откако израмни на 2:2. Во судиското надополнување Петар Најдов ја врати радоста на домашните навивачи откако во 95. минута погоди за конечни 3:2 и донесе голем триумф на Вардар во борбата за Втора лига.

Питу Гули со 2:1 го доби дербито со Ново Црнилиште и запиша нов триумф преку пресврт. Гостите со гол на Назми Исламоски во 27. минута го отворија резултатот. Во вториот дел Соте Волчески во 76. минута израмни на 1:1, а на три минути пред крајот на мечот Ѓорѓи Стрезовски погоди за конечни 2:1.

Големо Коњари во вториот дел се спаси од поразот во дербито со Обршани откако одигра 2:2 и извлече бод од тешкото гостување. Виктор Ѓорески и Никифор Ујгуноски во првиот дел погодија за 2:0 на полувреме. Во вторите 45 минута Петар Петроски со два погодоци обезбеди бод за Големо Коњари.

Росоман во првиот дел го доби мечот со Динамо (2:1). Игор Ѓорѓиев и Бојан Миланов погодија за 2:0, а Филип Јовановски си постигна автогол за 2:1.

ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Превалец со убедливи 4:1 ја доби Слога 1976 на домашен терен. Двојни стрелци за домаќинот беа Бобан Атанасовски и Пеце Стојанов, а стрелец на единствениот гол за гостите беше Нермин Каришиќ.

Марена се намачи во дуелот со новиот третолигаш Возарци ДМД кој на крај го доби со 2:1. Александар Велјанов уште во 5. минута го отвори резултатот, а десет минути подоцна Сашко Димов израмни на 1:1. Во вториот дел Мартин Јовановски ги постави конечните 2:1.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!