ФудбалФудбал - Прва женска лига
Најдобрата фудбалерка верна на ЖФК Каменица Саса, Андреевска потпиша нов договор со шампионот!

Најдобрата фудбалерка за 2019 година, Ленче Андреевска останува верна на ЖФК Каменица Саса, откако денес потпиша нов договор на две и пол години, со што во Македонска Каменица ќе остане до јуни 2023 година.
28-годишната Андреевска веќе сезона ипол е незаменлива на терен, една од највиновните за првата титула на ЖФК Каменица Саса минатата сезона и најдобра фудбалерка за 2019 година.
Искусната Лени во својата кариера беше дел од ЖФК Конзули Јунајтед од Битола и ЖФК Скопје.