ЕУРО 2020Фудбал

На Ериксен ќе му биде оддадена посебна почит во 10-та минута на натпреварот помеѓу Данска и Белгија

Репрезентацијата на Данска во четврток го игра својот втор натпревар на Европското првенство против Белгија, а во чест на Кристијан Ериксен, домашните навивачи се подготвуваат за оддавање на посебна почит за одличниот играч за врска кој доживеа срцев удар на мечот против Финска.

Данецот колабираше во 43-та минута од натпреварот против Финска откако во еден момент му се слоши, по што изгуби контрола над телото и падна на тревата.

Следуваше борба за неговиот живот, по што беше пренесен во болница во свесна состојба и сега успешно се опоравува, со поддршката што ја добива од сите делови на светот.

Бидејќи Ериксен е облечен во бројот 10 на својот дрес, се планира во 10-та минута од натпреварот меѓу Данска и Белгија, гледачите на трибините на стадионот „Паркен“ да станат и да му дадат аплауз од една минута како признание за добиената најважна битка во неговиот живот.

Инаку, Ериксен денес објави порака на Инстаграм, а ја објави и првата фотографија од болницата.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!