ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Мустафов ново засилување за Ренова

Бурхан Мустафов е најново засилување за прволигашот Ренова кој доаѓа од редовите на кратовски Силекс.
Силекс не обезбеди второ коло во квалификациите за Конференциската лига, па дојде и до разделба со 27-годишниот фудбалер.
Мустафов е повратик меѓу „гипсарите“, а во својата кариера покрај за Силекс и Ренова има настапувано и за Струга Трим Лум, Победа, Теута од Албанија и Пелистер.