Европски ФудбалФудбал

Мурињо спрема ГОЛЕМ трансфер во РОМА: Никој не очекуваше ваква-трансфер бомба!

Жозе Мурињо ја презеде Рома. Славниот клуб од Италија следната сезона ќе игра во Лига Европа, а тоа е проблем за Мурињо кога е во прашање доаѓањето на големи имиња.

Во Рим се очекува многу од легендарниот стручњак од Португалија, а како што пренесуваат италијанските медиуми – готова е вистинска фудбалска трансфер бомба.

Поранешниот шеф на стручниот штаб на Интер го сака поранешниот капитен на Реал Мадрид во неговите редови. Серхио Рамос е голема желба на искусениот стручњак.

Долго се зборуваше за неговото потенцијално заминување од главниот град на Шпанија, а Манчестер Сити и Пари Сен Жермен се истакнаа како главни кандидати за негово доведување. Изминатиот месец, наводно, бил постигнат договор во врска со продолжување на соработката помеѓу Рамос и Реал, но немаше ништо од тоа и вчера легендарниот капитен си замина и официјално.

Едно е сигурно, Рома не може финансиски да им парира на споменатите клубови. Предноста на тимот од главниот град на Италија е фактот што Мурињо и Рамос соработуваа во Мадрид три години.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!