Европски ФудбалФудбал

Мурињо: Рома не освои ништо долго време, затоа ме донесоа

Португалскиот тренер Жозе Мурињо ја презеде Рома по неуспешната авантура во Тотенхем, сега сака да освои трофеи со „волчицата“.

Португалецот истакна дека не се двоумел долго време кога добил понуда од челниците на Рома.

„Рома не освои ништо околу 20 години, а клубот има нови сопственици. Тие сфатија дека пред нив има ново поглавје во кое ќе им треба помош од личност со долгогодишно искуство. Тие беа искрени со мене и јас веднаш ја почувствував страста. Не се двоумев долго време, ме трогна нивниот пристап“, рече португалскиот стручњак и додаде:

„Сето тоа повторно започна со жар во мене, и сега повторно сум во друга „невозможна мисија“. Јас го велам тоа затоа што луѓето ме гледаат и гледаат само еден критериум за проценка на успехот во работата – победата.“

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!