Европски ФудбалФудбал

Мурињо повторно го посакува Перишиќ! Има еден проблем

Жозе Мурињо повторно загриза за Иван Перишиќ!

Мурињо ја презеде Рома ова лето и им даде на раководството на клубот список со засилувања што би сакал да ги види во тимот.

Во него се вклучени Марсело, Ренато Санчес, Мауро Икарди и Иван Перишиќ, меѓу другите.

Португалскиот тренер сакаше да го донесе хрватскиот офанзивен играч уште во 2017 година, кога тој дури дојде во Загреб поради него.

Италијанските медиуми посочуваат дека единствена пречка за трансферот е платата на Перишиќ, која е околу пет милиони евра.

Иван има уште една година договор со Интер, кој ќе биде тешко да го пушти бесплатно, а Италијанците додаваат дека една од опциите е размена со Флоренци.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!