Европски ФудбалЕУРО 2020Фудбал

Мурињо одби селекторска позиција во две елитни репрезентации

Жозе Мурињо се уште во својата кариера нема застанато на селекторско место, и тој имаше можност да го стори тоа. Тој признава дека ги одбил понудите на Англија и Португалија…

Жозе Мурињо во пресрет на почетокот на Европското првенство се сеќава како неговата кариера можеше да оди во сосема друга насока. Наместо клуб, тој имаше можност да гради репрезентативна кариера.

“Веќе ми беше понудена улогата селектор на Англија кога го напуштив Челси, но мислев дека е малку рано да влезам во селекторските води. Кога бев во Реал, ми беше понудена работа како селектор на Португалија, тоа беше одлична понуда, но ќе уживам во работата како селектор малку подоцна“, истакна Мурињо.

Славниот Португалец ја загуби работата во Тотенхем во текот на сезоната и подоцна постигна договор со Рома, екипа која ќе го води следната сезона.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!