Европски ФудбалФудбал

Мурињо носи играч на Арсенал и португалски голман во Рома

Италијанскиот прволигаш Рома предводен од Жозе Мурињо, го засилува својот играчки кадар за новата сезона, а клубот е на добар пат да го донесе репрезентативниот голман на Португалија, Руи Патрисио (33) од Вулверхемптон и играчот за врска на Арсенал, Гранит Џака (28), капитен на швајцарската фудбалска репрезентација.

Засега, трансферот на Руи Патрисио, за кого Рома нуди десет милиони евра плус бонуси, е поблизу до реализација, објавија италијанските медиуми. Патрисио е стандарден голман на „волците“, каде пристигна летото 2018 година од Спортинг за 18 милиони евра, а договорот му истекува за една година.

За Гранит Џака Рома понуди 12 милиони евра плус три милиони бонуси. Арсенал одби, но преговорите продолжуваат. Гранит Џака е во Арсенал од летото 2016 година и постигна 13 гола на 220 настапи, во „топџиите“ пристигна од Борусија Менхенгладбах за 45 милиони евра.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!