ЕУРО 2020Фудбал

Мурињо: Не беше пенал, не го разбирам ниту судијата, ниту ВАР-собата

Во анализата за „ТАЛК спорт“, Жозе Мурињо зборуваше за сомнителниот пенал со кој Англија ја совлада Данска со 2:1 по продолженија и се пласираше во финалето на Европското првенство.

Стерлинг падна во шеснаесетникот по многу мал контакт со Мехле, а судијата Макиели досуди пенал. По консултација со ВАР, тој дури и не отиде да го гледа видеото.

Шмајхел го одбрани ударот на Кејн, но топката повторно се одби до англискиот напаѓач кој од вториот обид ја испрати својата репрезентација во финалето против Италија.

„Не сум сигурен дека сакате да слушнете што ќе ви кажам“, започна португалскиот стручњак, а потоа продолжи.

„Сепак, ќе го кажам она што го видов. Можеби не ви се допаѓа… Не беше пенал! Победи подобриот тим, Англија е фантастична и заслужена во финалето, но никогаш нема да биде пенал. Не ја разбирам одлуката на судијата, особено на ова ниво и во полуфиналето на Европското првенство. Ја разбирам уште помалку одлуката на судиите од ВАР-собата да не реагираат. Како љубител на фудбалот, среќен сум што Англија е во финалето, но исто така и тажен поради начинот на кој се победи. Не знам како судијата ќе заспие после ова.“

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!