Европски ФудбалФудбал

Мурињо: Направив голем број грешки во текот на мојата кариера

Португалскиот фудбалски стручњак Жозе Мурињо објасни зошто прифатил тренерска позиција во Рома, истакнувајќи дека сопствениците на клубот биле искрени и објективни со него.

„Штом ме отпуштија од Тотенхем, веднаш ме повикаа новите сопственици на Рома (Дан и Рајан Фридкин). Разговарајќи со нив, сфатив дека тие навистина ме сакаат на клупата на Рома. Тие се свесни дека нивното пристигнување во Рома е нешто сосема ново во нивните животи и дека им треба некој со големо искуство. Тие беа искрени и објективни“, изјави Мурињо за италијанските медиуми.

„За време на мојата кариера, направив многу грешки, избрав погрешни проекти затоа што луѓето со кои преговарав беа нечесни. Дојдов во Манчестер Јунајтед додека клубот беше во фаза на транзиција, а потоа го презедов Тотенхем, клуб кој со вистински успех не поминува со години. Но, кога станува збор за Рома, ми се допадна пристапот на сопственикот на клубот и не размислував многу, веднаш ја прифатив понудата“, рече Мурињо и додаде:

„Сега ме чека друга „невозможна мисија“, бидејќи луѓето кога јас сум во прашање мислат дека сум успешен само додека победувам. Но, оваа работа ја разбуди мојата страст.“

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!