Европски ФудбалФудбал

Мурињо го сака Алиоски како замена за Спинацола!

Рома остана без лев бек откако Леонардо Спинацола се повреди на Европското првенство. Италијанецот беше на операција поради повреда на Ахиловата тетива, па тој ќе мора на рехабилитација околу шест месеци.

„Волчицата“ предводена од Жозе Мурињо веќе бара алтернатива за Спинацола, а како замена за Италијанецот според италијанските медиуми е македонскиот репрезентативен бек, Езџан Алиоски.

Договорот на Алиоски со Лидс истече, па „специјалниот“ го вметна во список со желби за засилувања, со што Рома веќе ги контактирала агентите на македонскиот репрезентативец кој е отворен за соработка.

Останува да видиме дали ќе биде постигнат договор и дали Алиоски ќе се пресели во Серија А. Инаку, за Алиоски интерес има и од турските гиганти, како и од ЦСКА Софија, додека во Италија интерес покажаа и Наполи и Милан.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!