Европски ФудбалФудбал

Мурињо го кани Роналдо во Рома!

„Скај Италија“ вчера објави дека старо-новиот тренер на „Старата дама“ Масимилијано Алегри не смета на услугите на португалската ѕвезда и дека планира да изгради тим околу Дибала. Кристијано веќе некое време се поврзува со заминувањето од Торино, а најмногу се зборува за враќањето во Манчестер Јунајтед и Спортинг од Лисабон.

Сепак, италијанските медиуми денес објавија дека новиот тренер на Рома, Жозе Мурињо го повикал Кристијано Роналдо и сакал да слушне кои се неговите планови околу иднината на неговата кариерата.

Наводно, „специјалниот“ му предложил на Роналдо да дојде во Рома со цел да продолжи да има плата со даночно олеснување, бидејќи тој би платил многу поголем процент на данок на плата на кое било друго место, освен во Италија.

Сепак, „Ла Стампа“ тврди дека мали се шансите Роналдо да дојде во Рома. Неговата плата од 31 милион евра годишно е навистина огромна и ретко кој сака и може да ја исплати, а римскиот тим со сите сили се обидува да се ослободи од огромните договори што ги има со одредени играчи. Засега, Кристијано е сè уште обврзан на договор со Јувентус, но ќе видиме дали ќе игра таму следната сезона.

Минатата сезона, Роналдо заврши како најдобар стрелец во Серија А со 29 погодоци, а откако пристигна во Јувентус во 2018 година, тој постигна 101 гол на 133 настапи.

Мурињо и Роналдо еден период соработуваа во Реал Мадрид и „специјалниот“ никогаш не го криеше фактот дека го смета Роналдо за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!