Европски ФудбалФудбал

Мурињо „бира“ засилувања, тројца квалитетни фудбалери можат да ја засилат Рома!

Жозе Мурињо се договори со Рома пред крајот на минатата сезона, а „Специјалниот“ веќе работи напорно на градење на тим за следната сезона. Има три играчи пред портите на Рим.

Страшната сезона е зад „волчицата“. Мурињо беше донесен да го изгасне пожарот. За да се успее во тоа, потребно е да се реконструира постојниот состав. Сепак, тој најпрво потенцираше дека играчите за кои смета дека можат да бидат „моторот“ на Рома сигурно ќе останат.

„Јасно е дека ќе се фокусирам на моите играчи од Рома: Леонардо Спинацола, Лоренцо Пелегрини и Брајан Кристанте. Италија има добар тим, мешавина од талентирани млади луѓе и нешто поискусни играчи, кои знаат да победат. Таа е силна, Роберто Манчини е искусен тренер, кој помина повеќе од 20 години работејќи во најдобрите лиги во светот. Тој е повеќе од подготвен и веќе покажа колку е способен за време на квалификациите. Тимот направи многу напредок под негово водство. Италија има талентирани играчи, кои играат на различни начини. Манчини го подигна својот квалитет во нападот, но тие не ја изгубија својата природа, тие знаат како да се натпреваруваат. Мислам дека тоа е нивниот најголем квалитет, тешко е да се најдат нивните слабости. Мислам дека тој секогаш ќе биде во првите четири репрезентации“, изјави Мурињо, а неговите зборови ги пренесе „Кориере дело Спорт“.

Сепак, Португалецот нема да ги гледа своите играчи само од фотелјата на Европското првенство. Со спортскиот директор Тијаго Пинто, тој „бира“ засилувања. Прво, тоа би можело да биде швајцарски репрезентативец со албанско потекло, Гранит Џака. Играчот за врска сака да го напушти Арсенал и да работи со Мурињо, но Рома нуди само 15 милиони евра, што е за десет милиони помалку од она што Арсенал го бара.

Двајца напаѓачи се мета на Рома. Првиот е Андреа Белоти, за кого Рома му нуди на Торино 15 милиони евра, но првиот човек на „биковите“ одреди повисока цена. Друга опција е Патсон Дака од Салцбург, кој постигна 27 гола во австриската Бундес лига. Сепак, цената на момчето од Замбија е многу поголема, па се поставува прашањето дали „волчицата“ е подготвена да ја плати потребната сума.

Статусот на Един Џеко сè уште не е познат. Неговиот договор со Рома трае до летото 2022 година, но допрва треба да се донесе одлука за неговиот статус.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!