Муриќ: Победата против Вардар не беше случајност, со квалитетна игра очекуваме позитивен резултат против Обршани

Братство 07 денес ќе има тешко гостување кај екипата на Обршани, во меч од вонредното 16. коло од Третата лига – Југ.
Екипата на Братство 07 во неделата запиша голема победа над засилениот и амбициозен Вардар Неготино, кој речиси го остава без шанси за прво место, а токму тоа ќе биде мотив плус за победа и над Обршани, иако ќе биде тешко гостување.
Во изјава за Спортска Мрежа, искусниот стратег Муриќ Ромер вели дека победата на Вардар од Неготино не била случајност, со напорна работа и квалитетниот состав ќе се обидат и денес да запиша победа на тешкото гостување против Обршани.
„На едно од најтешките гостувања мотив плус да покажеме дека победата против Вардар не беше случајност. Работиме напорно имаме добар состав и покрај повредите на Тариќ, Настески, Имероски и поцрвенетиот Шабанов ќе се обидеме да одиграме квалитетно и да се вратиме од ова гостување со позитивен резултат. Обршани е една од екипите со која години наназад гаиме одлични односи и не гледам причина зошто така и да не остане, вели Муриќ за Спортска Мрежа.
Натпреварот ќе стартува со почеток од 15:00 часот.