Муриќ: Очекувам и третиот меч против Беласица да биде квалитетен затоа што е од голема важност за двете екипи

В недела на „Могила“ ќе се одигра дуелот меѓу Братство и Беласица кој е од големо значење и за двете екипи. Домаќинот од Житоше силно ги посакува трите бодови со цел значително да ги зголеми шансите за опстанок, додека пак од друга страна Беласица силно ќе атакува по трите бодови со цел да направи притисок кон врвот од табелата.
НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428
Тренерот на Братство, Ромер Муриќ во изјава за Спортска Мрежа вели дека атмосферата во екипата е одлична.
„Атмосферата е одлична работиме добро и се спремаме како и за секоj натпревар, се обудуваме да ги отстраниме сите пропусти во нашата игра кои ги имавме на предходните натпревари. Екипата е млада и талентирана и од натпревар во натпревар се подобро се воигрува и го покажува своjот квалитет“, вели Муриќ.
Првиот нивен меѓусебен дуел одигран на „Могила“ заврши без победник (1:1), а пак вториот со триумф за Беласица со 2:0.
„Сите знаеме колку тоа име тежи во нашиот фудбал и како играч и како тренер ми било огромна чест да играм со тоj тим, одигравме два добри натпревари со нив очекувам и третиот да биде квалитетен затоа што е од голема важност за двете екипи. Ние имаме одлична публика коja редовно не следи и подржува очекувам и во недела во што поголем броj да бидат на Могила и заедно да се радуваме на уште еден позитивен резултат“, рече Муриќ и додава:
„Освен повредениот Ментор Реџепи другите се здрави, спремни и мотивирани за следниот натпревар. Не се предаваме до краj ќе се бориме за секоj бод затоа што оваа екипа има квалитет и заслужува подобро место на табелата од сегашното.“
Се очекува Братство на „Могила“ да добие огромна поддршка од навивачите, а тоа ќе претставува „пеколна“ атмосфера за Беласица.
ВАШАТА РЕКЛАМА НА СПОРТСКА МРЕЖА – КОНТАКТ: 074 / 241 – 247