ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Муриќ: Братство 07 е спремен за Суперкласико со Ново Црнилиште!

Денес се игра големото Суперкласико меѓу Братство 07 и Ново Црнилиште во рамки на 19. коло од Третата лига – Југ.

Спортска Мрежа имаше ексклузивна можност да разговара со искусниот тренер на Братство 07, Ромер Муриќ кој вели дека во ова Суперкласико нема тактика, нема формација, постои само жар, желба, емоција и највисока мотивација за победа.

„Натпревар во кој нема тактика, нема формација, постои само жар, желба, емоција и највисока мотивација да се победи во за наши услови најголемото дерби. Денес е посебен ден за двете екипи затоа што знаат дека очекувањата се големи, а секој неуспех е чекор назад во борбата за првата позиција. Денес и тој што никогаш не гледал фудбал ќе сака да биде дел од таа атмосфера која ја нуди само ова дерби, а оние вистинските љубители на фудбалот очекуваат да уживаат во мајсториите на момците од двете екипи. Две екипи кој добро се познаваат и играат најубав фудбал во оваа лига очекувам да го докажат тоа на терен,но и да покажат зошто е ова најважната споредна работа во светот која сепак е споредна, а другарството кое владее меѓу нас ќе биде најголемиот победник. Ќе недостигаат повредениот Темур Емини и казнетиот Елхам Фазлиоски останатите се спремни и ќе го дадат сигурно својот максимум да дојдеме до поволен резултат. Би ја искористил оваа прилика јавно да го поканам мојот најголем ривал, мојот пријател, брат Шабан Мифтари да биде дел од овој дуел затоа што цело е кога има се’! НЕКА ПОБЕДИ ФУДБАЛОТ“, вели искисниот стратег Муриќ.

Двете екипи се борат за прво место и влез во Втората лига – Исток.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!