Европски ФудбалФудбал

Мура со тотална доминација и убедлива победа над Шкендија

Македонскиот шампион Шкендија доживеа голем пораз од Мура во Словенија, откако избраниците на Ѓока беа декласирани со високи 5:0. Шкендија со ова ги заврши настапите во квалификациите за Лигата на шампионите.

Резултатот беше отворен уште во Бобичанец во 25 минута. Во 39. минута Кривак заработи жолт картон, а само три минути подоцна доби и втор жолт по што Шкендија остана со играч помалку. Во судиското надополнување на првиот дел Бобичанец со втор гол донесе водство за неговиот тим од 2:0 на полувреме.

Во вториот дел Мура продолжи со тоталната доминација, откако најпрво Клепец постигна гол за 3:0 во 55. минута, а потоа Коус зголеми на 4:0 во 64. минута. Клепец во 87. минута ги постави конечните 5:0.

Шкендија на првиот натпревар одигра во Скопје загуби од Мура со 0:1.

Шкендија сега ќе продолжи со настапи во Конференциската лига на УЕФА.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!