ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Мухамет Алиоски се врати во Братство 07

Екипата на Братство 07 од денес е посилна со Мухамет Алиоски кој се враќа во екипата по пет години. 24-годишниот играч од среден ред поради повреда заработена на натпревар против велешки Борец кој тогаш се натпреваруваше во Трета лига беше надвор од фудбалските терени пет години.
Алиоски се враќа во неговиот матичен клуб, а со неговото искуство ќе биде големо засилување за Братство 07 кој силно атакува за прво место и промоција во Втората лига – Исток. Во својата кариера Алиоски има настапувано и за Слога 1976 од Лажани.
Денес Братство 07 во рамки на вонредното 20. коло од Третата лига – Југ ќе гостува кај Младост 1930 во Кривогаштани.