Фудбал - ТРЕТА ЛИГА

Можно ли е утре да биде донесена одлука дали ќе продолжи Трета лига ?

Од утре олабавување на рестриктивните мерки како нов предлог од кризниот штаб до Владата. Полицискиот час ќе биде намален и истиот ќе биде од 23 часот од 5 часот наутро, додека летните тераси и градините на угостителските објекти ќе работат до 22:30 часот.

Ваквиот предлог за кој Владата на утрешната седница ќе одлучува, доаѓа по најновите анализи на Министерството за здравство, бидејќи во државата почнува да се намалува притисокот врз болниците и бројот на новозарезени од Ковид-19 да се намалува, а од утре ќе започне и масовната имунизација.

Трететата фудбалска лига, Првата женска фудбалска лига, футсалот, како и младинските лиги беа ставени во прекин во моментот кога Владата донесе одлука пред околу две недели за задолжителни ПЦР-тестови пред секој натпревар. Таква можност за жал клубови немаат од финансиски аспект, па ФФМ ги покриваше трошоците за тестирањето за претходните две кола во Првата лига и Втората лига – Исток и Запад.

Доколку Владата го прифати новиот предлог од кризниот штаб дали тоа ќе значи и промена на одлуката за задолжителни ПЦР-тестови и со тоа да продолжат натпревари во ТМФЛ, ПЖФЛ, футсалот и младинскиот фудбал ?

Доколку Владата ја промени одлуката за задолжителното тестирање пред секој натпревар, потоа ФФМ ќе треба да донесе одлука кога би продолжиле првенствата кои се ставени во мирување.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!