ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Мојсов: Тука сум да дадам допринос плус за остварување на амбициите на клубот, посакувам позитивен старт на сезоната

Брегалница повторно во Првата лига. „Сините“ во недела против првиот фаворит за титулата Шкупи од 17:30 часот на Градскиот стадион во Штип го почнуваат својот нов пат во прволигашката конкуренција.

Повратникот во македонскиот фудбал, поранешниот репрезентативец Даниел Мојсов, како големо засилување за Брегалница, без сомнение, треба да биде една од клучните фигури кон позитивните резултати престојнава сезона. Но, Мојсов искусно потенцира дека не треба да се залетува а тимот треба полека, чекор по чекор да го гради својот пат до успехот.

Шкупи, без сомнение, ја носи фаворитската улога на натпреварот од 1. коло во недела, но секој во таборот на Брегалница секако верува во сопствените квалитети.

„Посакуваме добар натпревар на отворањето на сезоната пред нашите навивачи. Желбата е да се дојде до позитивен резултат, иако знаеме дека Шкупи е навистина квалитетна екипа. Но, од друга страна минавме добри подготовки и ги знаеме нашите цели. Свесни сме дека мора да се дадеме максимумот ако сакаме позитивен старт на сезоната, свесни сме дека мора со заеднички сили на терен да атакуваме на бодовите во текот на целата сезона“ – истакнува Даниел Мојсов.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!